СТАНДАРД life
Шоубиз

Бритни Спирс за прв пат во јавноста по објавувањето на нејзините мемоари: Беше во друштво со маж, а еве кој е (ФОТО)

Пејачката Бритни Спирс за првпат е видена во јавноста по објавувањето на нејзините мемоари „The woman in me“.

Таа прошета низ Холивуд, придружувана од Кејд Хадсон – агент и долгогодишен пријател, со кој поминува сè повеќе време откако се разведе.

Тие соработуваат заедно со години.

Во екот на движењето #FreeBritney, Кејд беше критикуван од многумина поради тоа што молчеше и не се залагаше јавно за пејачката.

„Не сум се огласил на оваа тема повеќе од дванаесет години, и што е многу, многу е. По илјадници смртни закани, шишиња со вода фрлени врз мојата глава од страна на набљудувачите велејќи дека ѝ го перам мозокот, Бритни, сега ќе проговорам. Ја обвинуваа како млада мајка, ѝ бутнаа 100 камери пред нос и чекаа да направи некој погрешен чекор, за вечно да има старател? Ова е кршење на основните човекови права. Молчев затоа што се плашев дека ќе ја загубам работата, кариерата за која давав сè 15 години, поради заканите од човек кој сите добро го познаваме, а не сакам ни да му го спомнам името … Доста е“, напиша тој своевремено.

Поврзани вести

Фотографите ја фатија Меган Маркл, таа со еден потег ги разбесни Британците

Radmila Tasevska

📷Фотографите ги сликаа Џенифер Лопез и Афлек додека страсно се бакнуваа

Radmila Tasevska

4 правила за воспитување на деца на кои се придржува Блејк Лајвли

Urednik