СТАНДАРД life
Шоубиз

Де Ниро позираше со 10-месечната ќерка: Моите внуци ја викаат тетка

Во април минатата година, познатиот актер Роберт Де Ниро го доби своето седмо дете на 80-годишна возраст, а сега за првпат покажа како изгледа малата Гиа.

Тој позираше со десетмесечната наследничка, а на видеото можете да видите како ја гали и ја држи за образ.

„Таа е преслатка“, коментира актерот во интервјуто за People објавено минатата среда, смеејќи се на необичната динамика во неговото семејство откако го пречека седмото дете на 80-годишна возраст.

Тој исто така опиша како неговите деца го коментираат бебето, но и неговите внуци.

„Сите деца се многу ентузијастични за неа. Дури и внуците. Таа им е ‘тетка’, а наскоро ќе станат тинејџери“, воодушевено изјавил актерот.

Поврзани вести

📸 Меган Фокс дојде на забавата во корсет и гаќички, обожавателите ја нападнаа: „Добро си?“

Radmila Tasevska

Трогателни сцени пред домот на Метју Пери: Фановите и пријателите му оддадоа почит на актерот (ФОТО)

Radmila Tasevska

📽Сандра Булок му ја исполни последната желба на својот покоен партнер

Urednik