СТАНДАРД life
Шоубиз

Џиџи Хадид и Бредли Купер имаат „љубовно скривалиште“

Веќе извесно време се шпекулира дека актерот Бредли Купер (48) е во врска со познатата манекенка Џиџи Хадид (28), а сега се дознало и каде тајно се среќава парот, пишува „Пејџ сикс“.

Џиџи и Бредли неодамна отпатувале од Њујорк за викенд, а пејачката Тејлор Свифт (33) наводно им ја позајмила својата вила на Род Ајленд.

„Тејлор е многу романтична и сака да биде Купидон за своите пријатели“, рекол изворот за „Пејџ сикс“.

Станува збор за вилата со осум спални соби, за која Тејлор пееше во нејзиниот хит „The Last Great American Dynasty“.

Пејачката таму организира прослави за Денот на американската независност, а Џиџи многу пати била на списокот на гости.

„Бредли и Џиџи имаат свои домови во Њујорк, но сакаа нешто поприватно и таму помогна Тејлор“, додал изворот.

Да потсетиме, Бредли и Џиџи ја изненадија јавноста кога почнаа гласините дека се забавуваат, иако никој од нив сè уште не потврдил дали е во романтична врска. Тие наводно се запознале преку поранешната партнерка на актерот, Ирина Шајк (37).

Актерот со Ирина ја има ќерката Леа де Сиена (7), а Џиџи е мајка на малата Каи (3), која ја доби со поранешниот сопруг Зејн Малик (30).

Поврзани вести

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа дека не старее

Urednik

Ксенија Пајчин денеска ќе го славеше 48-от роденден: Пред 15 години ја уби нејзиното момче

Urednik

Брус Вилис целосно уништен од болестa! Не може повеќе да зборува!

Urednik