СТАНДАРД life
Шоубиз

Ди Каприо во клинч со жешка бринета на Ибица, сите се прашуваат дали има 25 години

Леонардо ди Каприо знае да го сокрие приватниот живот како змијата нозете, но овој пат отиде подалеку. Актерот пред неколку дена беше фотографиран во ноќен клуб на Ибица како разменува нежности со позната бринета. Кога станува збор за него, како и за неговите девојки, сите веднаш се прашуваат за годините, поточно – дали неговите партнери се (конечно) постари од 25 години или пак актерот не се откажува од бизарното (да го наречеме) „љубовно правило“.

Актерот Леонардо Дикпарио (48) бил со својата девојка во познатиот клуб „Хи“ на Ибица. Фотографиите од нивните бакнежи се снимени во раните утрински часови. Со Лео беше и познатата манекенка Виторија Черети.

Таа е стара 25 години. Така, волкот не го менува својот темперамент. Волкот во овој случај е Ди Каприо, а занесната Виторија се појави во неговиот живот по бурните љубовни врски.

Познатата бринета има работено со бројни модни куќи како Александар Меквин и Версаче. Датумот на нивната прва средба не е познат, тие за прв пат се појавија заедно во јавноста во мај за време на фестивалот во Кан каде беше промовиран филмот „Убијци на цветната месечина“ во кој тој игра една од главните улоги.

На крајот на август се видени во Санта Барбара, а сликите од Ибица доаѓаат како уште една потврда за нивната врска.

Леонардо ди Каприо повторно „уловен“ со млада манекенка (25): Пред два месеци се разведе од сопругот…

Поврзани вести

Ќерката на Брус Вилис за здравствената состојба на актерот: „Гледам љубов кога сум со него“

Radmila Tasevska

ПРОСЛАВУВААТ ГОЛЕМА ГОДИШНИНА: Бекамови преживеаја секс скандал, но нивниот брак и понатаму трае

Urednik

Рамбо стигна во Ватикан: Сталоне со семејството на прием кај папата

Urednik