СТАНДАРД life
Шоубиз

Дилета Леота покажа како изгледа во деветиот месец од бременоста: „Плус десет килограми“

Најпознатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота важи за една од најубавите жени во светот на спортот, а колумните во весниците често се полни и со нејзиниот приватен живот покрај нејзиниот бизнис. Новинарката моментално е бремена и се подготвува за доаѓањето на своето ново бебе, а со следбениците на социјалните мрежи споделува фотографии од бременоста.

Дилета сега позираше на Инстаграм во градник и покажа како изгледа во деветтиот месец од бременоста.

– 9 месеци плус 10 килограми и плус 40 степени – напишала во описот на фотографиите направени во Италија.

Нејзината објава им се допаднала на над 400.000 луѓе, а многумина во коментарите напишале дека е убава трудница.

Да потсетиме, Дилета кон крајот на март откри дека е бремена.

– Мораме да кажеме нешто… Но, дали сите веќе го знаевте тоа? Наскоро ќе бидеме тројца – напишала тогаш заедно со видео на кое таа и нејзиното момче, германскиот голман Лорис Кариус се гушкаат и плачат од среќа.

Поврзани вести

Прогласен најзгодниот маж на светот за 2023 година

Radmila Tasevska

📽📷Хајди Клум (50) и нејзината ќерка (19) позираа заедно во црвена долна облека

Urednik

Се снима филм или серија за Бритни Спирс, Бред Пит и Рис Витерспун се во борба за правата

Urednik