Деновиве, Дуа Липа и нејзиниот свршеник Калум Тарнер беа фатени на одмор во Мексико, каде што се релаксираат во текот на празниците, уживајќи во радостите на морето на плажа, а сите очи беа вперени во пејачката по потекло од Приштина и нејзината неверојатна фигура.
Пејачката и актерот не ја кријат својата заљубеност, а фотографите го уловиле Калум како внимателно ѝ помага на Дуа да нанесе крем за сончање додека уживале заедно на песочна мексиканска плажа. Двојката изгледала заљубено и целосно опуштено, далеку од обврските.
View this post on Instagram
Дуа го покажала заносното тело во минималистичко бикини со леопардски принт, додека Калум бил во темни боксерки. Пејачката ја собрала косата во лежерна пунџа и се појавила без шминка, нагласувајќи го природниот изглед.
Додека таа се опуштала на лежалката, свршеникот Калум Турнер вљубено ја мачкал по задникот, а судејќи според фотографиите на социјалните мрежи, тој не може да ги тргне рацете од неа. Воедно времето и на двајцата им поминува прегрнати во шетањето по песочните лагуни.
Самата Дуа објави прекрасни фотографии од одморот на својот профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Дуа Липа е светски популарна поп-пејачка која по националност е Албанка со потекло од Приштина, но родена е во Лондон во 1990 година, кога нејзините родители дојдоа да живеат во Англија.
