СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

(Фото) Протече досега невидена фотографија од Северина: Цела е во злато и има нереално тело!

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ редовно објавува на социјалните мрежи, па така и вчера објави фотографија на Инстаграм и на Фејсбук со која ги воодушеви своите обожаватели. Станува збор за фотографија од минатото, каде што позира во прекрасен златен корсет.

Во описот на фотографијата, популарната пејачка напишала:

– Фотографија од 2022 година што никогаш не беше објавена, но во 2026 година доаѓа совршено за најава на (утрешното) „Златно студио“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

На фотографијата, Северина е облеана со златна боја од глава до пети, облечена во метален корсет кој ја следи линијата на телото и е врзан со златни врвки од страните, додека целокупниот изглед го заокружила со елегантна наметка.

„Златно студио“ е една од најзначајните медиумски награди во Хрватска, која се доделува од 2018 година.

Северина оваа година е номинирана во категоријата за најдобра пејачка. Таа веќе ја има освоено наградата „Златно студио“ во 2024 година, кога беше прогласена за најдобра изведувачка на годината. На тогашната церемонија пристигна во придружба на нејзината мајка Ана, на која ѝ ја посвети наградата.

Пејачката претходно беше добитничка и на „Златно студио“ за концерт на годината, за турнејата „Магична турнеја“.

Поврзани вести

Откажан настапот на Никола Роквиќ во Хрватска: Српскиот пејач се огласи, еве за што станува збор

Urednik

Бекам направи нова тетоважа за својата Викторија и ја стави на… средниот прст!

Urednik

(Видео) Вонбрачната ќерка на најпознатиот хрватски актер стана Кралица на Хрватска: Нејзиното раѓање предизвика скандал

Urednik