СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Фејсбук
Шоубиз

(Фото+видео) Исчезна, а сега се појави уште поконтроверзна: Погледнете ја Бјанка Ценсори и нејзината бизарна изложба во Јужна Кореја!

Бјанка Ценсори, сопругата на раперот Канје Вест, го претставила својот прв дел од проектот „Bio Pop (The Origini)“. Изложбата го привлече вниманието на јавноста поради необичниот концепт, вклучувајќи „човечки мебел“ и маска со ликот на Бјанка.

 

Првиот дел од изложбата бил емитуван во живо од Сеул, Јужна Кореја, а Бјанка го надополнила својот настап со смел моден избор.

Посебно внимание предизвикал столот направен од кукли: грбот на куклата служи како седиште, рацете како наслони, а главата како потпирач. Над тоа се наоѓа „човечка ламба“, додека и масата е изработена во ист стил. Деталите на инсталацијата на социјалните мрежи ги претставила нејзината сестра Анџелина.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by taylore ☆ (@taylorescarabelli)


Бјанка освен со изложбата, вниманието го привлекла и со својот стајлинг. Таа носела тесен црвен комбинезон од латекс кој ја истакнал нејзината витка фигура, а го комбинирала со чизми. Изгледот многумина ги потсетил на стајлингот на Бритни Спирс од спотот за нејзината песна „Oops!… I Did It Again“ од 2000-те.

Изложбата била исполнета со необичен „човечки мебел“ што Бјанка сама го дизајнирала, вклучувајќи маски со нејзиното лице.

Според најавата на организаторот, мебелот го симболизира „продолжувањето на телото“ и има за цел да ја претвори удобноста во ограничување, а функционалноста во уметничка непријатност. Сепак, дел од публиката и критичарите ја опишуваат изложбата како бизарна, вознемирувачка и нарцисоидна, додека други ја гледаат како радикален уметнички израз.

 


Како што е наведено во соопштението за медиумите, мебелот е замислен како продолжение на телото и дизајнерски објект што ги руши границите помеѓу телото, предметот и идолот. Секое парче ја трансформира удобноста во ограничување, а функционалноста во уметнички израз.

Сепак, изложбата не поминала без технички проблеми. За време на преносот во живо, се случил ненадеен прекин, па наместо планираните 15 минути завршил по 11 минути. Преносот повеќе не е достапен за јавноста.

Поврзани вести

📽 Сценарија за две епизоди на „Пријатели“ продадени за неверојатни 22.000 фунти

Radmila Tasevska

Бен Афлек и Џенифер Лопез го започнаа денот со слатки бакнежи

Urednik

Роберт Де Ниро: Јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично

Urednik