СТАНДАРД life
Шоубиз

(ФОТО)Емотивната Џулија Робертс се сети на својата покојна мајка: „Ми недостигаш секој ден“

55-годишната Џулија Робертс на Инстаграм објави тажен спомен од својата сакана мајка Бети Лу Бредемус, а во објавата, која никого не остава рамнодушен, холивудската актерка го трга погледот, ставајќи ја нараквицата на раката во преден план.

Станува збор за нараквици кои децата ги прават од монистра и на кои со букви е испишано името на нејзината мајка – Бети.

Во продолжение напишала: „Роденденот на мајка ми. Ми недостигаш секој ден’.

Бети Лу Бредемус водеше актерска школа во Џорџија, каде што е родена Џулија Робертс, а почина на 80-годишна возраст во 2015 година како последица од рак на белите дробови.

Таа зборуваше за тоа колку била приврзана за нејзината мајка две години по нејзината смрт: „Мајка ми имаше постојана работа и во основа нè одгледа сами три девојчиња. Мојот брат Ерик е постар, па тој веќе замина од дома. Никогаш не покажала нервоза или напнатост“.

Токму од нејзината мајка барала совети кога нејзините деца биле мали.

Поврзани вести

Демнечот на Шакира, кој тврди дека пејачката е негова сопруга, е уапсен пред нејзината куќа

Radmila Tasevska

📸Поради 29 години помлада девојка, Винсент Касел го промени својот животен стил

Urednik

Џенифер Анистон откри дека бракот на нејзините родители влијаел на нејзиниот љубовен живот

Urednik