СТАНДАРД life
Шоубиз

Шакира и Дрејк „уловени“ заедно: Се обидоа дискретно да ја напуштат истата забава, што предизвика гласини

Се чини дека на светската музичка сцена се раѓа нова љубов. Шакира и Дрејк ги поттикнаа гласините за романса откако се обидоа дискретно да излезат од истата „афтер парти“ во раните утрински часови во Западен Холивуд.

Како што откри очевидец за DailyMail, 46-годишна Колумбијка и десет години помладиот канадски рапер ја напуштиле истата забава во „размак“ од неколку минути, во 3:25 часот. Иако не се фотографирани заедно, насмевката на лицето на Шакира сугерира дека конечно е среќна.

Инаку, откако и дојде крајот на љубовта со Жерар Пике, со кој има два сина, името на Шакира постојано се поврзува со познати мажи. Така почнаа гласините за наводната врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, но и оние дека Том Круз и „фрлил око“.

Дрејк е само уште еден во низата мажи кои очигледно не можеле да одолеат на шармот на познатата Колумбијка.

И додека не знае кого би избрала, нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике е се посериозен во врската со Клара Чија Марти, со која неодамна почна да живее заедно во куќата во која живееше Шакира откако се пресели во Шпанија, додека беше бремена со нивниот прв син.

Поврзани вести

📷Џорџ Клуни јаваше бело магаре и го привлече вниманието на минувачите

Urednik

Меган Маркл повеќе не носи веренички прстен: Принцот Вилијам е вклучен во се

Radmila Tasevska

Шанен Доерти сподели вест за нејзината битка со ракот: „За мене тоа е чудо…“

Radmila Tasevska