СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО) Деми Мур повторно ужива на Медитеранот

Холивудската ѕвезда Деми Мур е фотографирана на ноќно излегување на островот Миконос. Таа во танцова екстаза убаво се забавуваше во поголемо друштво, боса и во впечатлив светло зелен фустан со кој ја истакна својата витка линија.

Грција и е омилена дестинација на Деми, а таму е добредојден гостин, а овој пат е тука за да го прослави роденденот на својата пријателка Вероника Пастра.

И додека ноќите ги минува танцувајќи во ноќни клубови и уживајќи во грчките специјалитети, преку ден ужива во сончање и пливање или пловење на луксузна јахта.

Иако има 60 години, на изгледот и витката фигура на Деми Мур можат да и позавидат и девојките на половина нејзина возраст.

Дека е посветена на редовните тренинзи, благодарение на кои останува во топ форма, беше видливо и во бикините во кои позираше за фотографија на Инстаграм.

Без шминка, Деми само во бикини се прошета низ луксузната јахта, а потоа освежување бараше скокајќи во морето.

Поврзани вести

Роберт Де Ниро: Јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично

Urednik

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа дека не старее

Urednik

Бен Афлек и Џенифер Лопез го започнаа денот со слатки бакнежи

Urednik