24.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Шоубиз

Фотографите ја фатија Меган Маркл, таа со еден потег ги разбесни Британците

Меган Маркл е видена за прв пат откако беше објавено дека кралот Чарлс има рак. Таа со еден потег ги налути Британците. Војвотката од Сасекс имаше насмевка од уво до уво додека возеше покрај нејзиниот дом вреден 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.

Изгледаше опуштено зад воланот на својот Range Rover, криејќи го лицето со големи очила за сонце и капа, и испи една голтка кафе додека поминуваше покрај папараците. Фотографиите ги објави Дејли Мејл. Тоа е прв пат таа да биде фотографирана откако Хари одлета во Лондон да го посети својот татко.

Војводата од Сасекс се врати во Калифорнија по еднодневната посета на Велика Британија. Тој беше виден вчера во лондонскиот Хитроу откако еден ден претходно беше изнесен од истиот аеродром со полициско возило. Меган Маркл и децата Арчи и Лилибет останаа дома.

Поврзани вести

📸 Меган и Хари ги изненадија сите и се појавија на премиерата во Јамајка

Radmila Tasevska

Познатиот рапер почина на 35 години: Се уште не е позната причината за смртта

Radmila Tasevska

Холивудските ѕвезди го поддржаа Џими Кимел откако неговата емисија беше ненадејно откажана

Urednik