СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Икс
Шоубиз

„Го одбив советот на 32 лекари да одам на хемотерапија“: Славниот топ модел пред 7 години тајно се борела со ракот

Ел Мекферсон откри дека тајно се борела со рак на дојка пред седум години и сега е во ремисија и покрај тоа што одбивала хемотерапија.

Светскиот топ модел Ел Мекферсон, во мемоари што ги објави откри како таа усвоила „холистички“ пристап кон болеста и одбила хемотерапија и покрај тоа што 32 лекари ѝ советувале ракот да го лекува на тој начин.

Во разговор за „Вумес викли“ за нејзината дијагноза, Ел открила:

– Беше шок, беше неочекувано, беше збунувачко, беше страшно на многу начини и навистина ми даде можност да навлезам длабоко во мојата свест и да најдам решение што е добро за мене.

Лекарите ѝ советувале на Ел да се подложи на мастектомија (отстранување на дојките), со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија и реконструкција на градите.

Сепак, Ел, која во тоа време го посетувала озлогласениот антиваксер Ендру Вејкфилд, одлучила да оди против конвенционалната медицина, велејќи дека тоа е прекрасна вежба да биде верна на себе, да си верува себеси и да верува во природата на своето тело и изборите што ги направила.

– Кажувањето „не“ на стандардните медицински решенија беше најтешката одлука во мојот живот. Но, кажувањето „не“ на моето внатрешно чувство би било уште полошо – рекла таа, додавајќи дека хемотерапијата и операцијата ѝ се чинеле „екстремни“.

Ел сега е во ремисија и открила дека нејзиниот партнер и најстариот син биле против нејзината одлука да не се подложи на хемотерапија.

Поврзани вести

Селма Хајек гради куќа на хрватски остров: Откриени сите детали, а еве кој и помага во тоа

Urednik

„Роки“ требаше да биде многу поинаков, еве зашто е сменето првото сценарио

Radmila Tasevska

(Фото) Трансродовата ќерка на Илон Маск е новото лице на брендот за долна облека на Ријана

Urednik