СТАНДАРД life
Шоубиз

Ќерката на Брус Вилис за здравствената состојба на актерот: „Гледам љубов кога сум со него“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, во средата гостуваше во емисијата The Drew Barrymore Show, каде зборуваше за здравјето на нејзиниот татко.

Пред речиси една година светот беше шокиран од веста дека еден од најдобрите акциони херои на големото платно се повлекува од филмскиот свет.

На Брус Вилис првично му беше дијагностицирана афазија, болест која предизвикува губење на способноста за зборување, за подоцна да му биде дијагностицирана ретка форма на деменција.

Ѕвездата на филмовите „Армагедон“, „Умри машки“ и „Шесто сетило“ е опкружен со семејството, сопругата Ема и ќерките, како и со поранешната сопруга Деми Мур.

Неговата ќерка Талула сега откри во каква состојба е актерот.

„Исто му е, што мислам дека е најдоброто нешто што можеме да го побараме. Гледам љубов кога сум со него, тој ми е татко и ме сака, што е навистина посебно“, рече таа.

Откако на актерот му беше дијагностицирана тешката болест, неговото семејство често зборува за тоа и за состојбата на актерот. Според Талула, нивната цел е да ги освестат другите за деменцијата.

„Од една страна, тоа е кои сме ние како семејство, но во исто време е навистина важно за нас да ја шириме свеста за FTD. Ако можеме да земеме нешто со кое се бориме како семејство и индивидуално за да им помогнеме на луѓето, да го свртиме и да направиме нешто убаво околу тоа, тоа е многу посебно за нас“, рече таа.

Поврзани вести

📸 Оскаровката Хилари Свонк ги откри необичните имиња на близнаците

Radmila Tasevska

Ал Пачино и 54 години помладата Нур раскинаа 3 месеци по раѓањето на нивниот син

Urednik

📸 Џеј Ло го воодушеви интернетот со фотографија во долна облека: „Бен е навистина среќен“

Radmila Tasevska