СТАНДАРД life
Шоубиз

Не е се како што изгледа: Џорџ Клуни откри се за наводната продажба на вилата на Комо

Иако веќе извесно време се шпекулира дека Џорџ Клуни на пазарот ја пуштил својата сакана вила Олеандра на италијанското езеро Комо, а за тоа бара околу 100 милиони долари, се чини дека нема вистина во целата приказна… барем засега.

Гласините дополнително се подгреаа викендов кога агентот за недвижности Јасемин Бајсал, сопственик на Engel & Volkers Lago di Como, изјави за италијанскиот Oggi дека гласините за продажба на Вила Олеандра се точни, додавајќи дека таа веќе има потенцијален купувач кој е доста заинтересиран. .

Но после се, преку своите портпароли се огласи и самиот Џорџ Клуни, поради што се уриваат надежите на сите потенцијални купувачи. Имено, таткото на шестгодишните близнаци, кој често и среќно престојува во вилата на езерото Комо со сопругата Амал и децата, во официјалната реакција изјави: „Првпат слушнав за продажбата кога Page Six ја објави приказната, која потоа ја презедоа сите. Но, тоа не е вистина“.

Џорџ Клуни ја купил луксузната вила, која има 25 спални соби, базен, голема гаража, тениско игралиште, теретана…, за 12 милиони долари, а за него има големо значење бидејќи токму таму се запознал со неговата идна сопруга Амал, и тоа на забавата што ја приреди во Олеандра во 2013 година.

Поврзани вести

Откриено е како изгледале последните две недели на Метју Пери, безуспешно се обидувал да си помогне со лекови: „Беше лут и дрзок“

Urednik

Фотографите ја фатија Меган Маркл, таа со еден потег ги разбесни Британците

Radmila Tasevska

📸 Брус Вилис во тешка здравствена состојба: Фотографиите што ги сподели неговата ќерка се срцепарателни

Radmila Tasevska