СТАНДАРД life
Шоубиз

Ова е најдобриот знак дека врската на Бредли Купер и Џиџи Хадид е многу сериозна

И покрај тоа што овогодинешните награди Златен глобус му оставија горчлив вкус во устата, бидејќи и овој пат не ја однесе дома посакуваната статуетка, Бредли Купер не тагуваше долго.

Веднаш по доделувањето на наградата, сè уште облечен во облеката од црвениот тепих, Купер пристигна пред популарниот ресторан Џорџо Балди во Лос Анџелес со својата мајка Глорија Кампано. Возеле во затемнет теренец, а потоа актерот прво влегол во ресторанот, додека неговата мајка имала помош од непознат маж.

Но, она што е најинтересно е дека девојката на Купер, супермоделот Џиџи Хадид, пристигнала во ресторанот со разлика од само неколку минути, исто така облечена во црно.

Судејќи по тоа што на масата биле мајката на актерот и неговата девојка, може да се заклучи дека неговата врска со Џиџи е многу сериозна.

Не е непознато дека мајката на Купер е исклучително важна и дека ќе слуша се што ќе каже, а се чини дека на синот му дала благослов за врска со манекенката затоа што и се допаѓала.

Поврзани вести

🎥Соочување со минатото: Џенифер Лопез го запали писмото на Афлек од 2002 година

Urednik

Мајкл Бубле по 27 години ја завршува музичката кариера: „Ми стана малку монотоно…“

Urednik

🎥Решена драмата: Наводниот развод на славниот пар крена бура на социјалните мрежи

Urednik