СТАНДАРД life
Шоубиз

Пике и Клара Чиа го започнаа заедничкиот живот во куќата во која живеел со Шакира

Иако со своите приходи можеше да купи нов стан во кој нема толку многу спомени, поранешниот фудбалер и шпански репрезентативец Жерар Пике реши да започне заеднички живот со својата девојка Клара Чиа Марти во вилата во која некогаш живееше со пејачката Шакира.

И токму во тој дом Шакира беше најсреќна, бремена со нивниот прв син Милан. „Многумина се уште јасно се сеќаваат на 2012 година и фотографијата на која бремената Шакира оди во болница токму од таа куќа. Таму живееше кога се пресели во Барселона“, откри новинарот Пепе дел Реал за „El Programa“, кој тврди дека тоа било првиот дом на Шакира кога се преселила во Шпанија поради Пике.

Според тој новинар, причината поради која Пике ја одбрал токму таа куќа е што таа е идеална за секој кој сака да ја зачува приватноста. „Сепак, ова не е ново љубовно гнездо, туку куќа во која тој и Клара Чија најверојатно ќе живеат во текот на летото“, додаде Пепе дел Реал.

Бидејќи синовите на Пике, Милан и Саша сега живеат со Шакира, поранешниот фудбалер може целосно да се посвети на својата девојка и да ужива во секој момент со неа. А дали овој негов потег, да ја всели сегашната девојка во домот што го делеше со Шакира, ќе ја инспирира колумбиската пејачка за нов хит, останува да видиме.

Поврзани вести

Роберт Патинсон ја запроси својата бремена девојка: „Едвај чека да стане татко, возбудени се“

Urednik

Шанен Доерти сподели вест за нејзината битка со ракот: „За мене тоа е чудо…“

Radmila Tasevska

📷Ирина Шајк објави провокативна фотографија, фанови разочарани: „Ова е валкано и вулгарно“

Urednik