СТАНДАРД life
Шоубиз

По неполна година врска, раскинаа Кендал Џенер и Бед Бани

Романсата помеѓу Кендал Џенер и порториканскиот рапер Бед Бани дојде до својот крај, пишува магазинот People.

Нивното последно јавно излегување беше на афтер-забавата во Saturday Night Live во октомври, кога манекенката дојде да го поддржи Бед Бани, кој беше водител и музички гостин на шоуто. Романсата започна, барем јавно, во февруари кога манекенката и пејачот отидоа на состанок каде им се придружија Хејли и Џастин Бибер.

„Таа ѝ се допаѓа и се забавува“, изјави тогаш извор, откривајќи дека парот се во врска откако раперот се преселил во Лос Анџелес. Времето минувало, а парот се повеќе време поминувал заедно, па по „Коачела“ заедно заминале на одмор во Ајдахо.

Засега се уште не е позната точната причина за нивното раскинување, а ниту 28-годишниот модел, ниту 29-годишниот музичар не коментираат дали се точни тврдењата за нивното раскинување.

Пред порториканскиот рапер, манекенката две години беше во врска со НБА ѕвездата Девин Букер, а причината за раскинувањето беше тоа што и двајцата беа многу зафатени, па не можеа да ги усогласат распоредите.

Поврзани вести

Ким Кардашијан го ископира изгледот на Салма Хајек од познат филм (ВИДЕО)

Radmila Tasevska

Ријана повторно се породи во тајност: Раѓањето на бебето се криело со недели, а сега се знае и полот

Urednik

Принцот Хари мора да му плати на Дејли Мејл 56.000 евра судски трошоци

Radmila Tasevska