Ѕвездата на серијата „Euphoria“, младиот Ангус Клауд, почина пред два месеци на 25-годишна возраст.
Неговото семејство тогаш излезе со официјално соопштение, но причината за смртта досега не беше позната.
Два месеци по неговата смрт беше објавена официјалната причина.
Ангус починал од акутна интоксикација, по случајно предозирање. Ова за споменатите медиуми го потврдил судскиот вештак на округот Аламеда, пренесува „Пипл“.
Според понатамошните извештаи, актерот имал кокаин, метамфетамин и бензодиазепини во крвта (лекови кои често се користат за лекување на анксиозни нарушувања, несоница и слично).
Да потсетиме, Ангус почина на 31 јули годинава во својот дом во Калифорнија, соопшти тогаш неговото семејство.
Во 2013 година, Агнус Клауд имаше тешка несреќа кога падна во огромна дупка и остана заробен 12 часа. Тогаш животот му бил во опасност, се здобил со сериозни повреди на черепот, но успеал да се спаси.
„Тој го погреба својот татко минатата недела и интензивно се бореше со оваа загуба. Единствената утеха што ја имаме е тоа што Ангус сега повторно се соединува со својот татко, кој му беше најдобар пријател. Ангус беше отворен за неговата борба со менталното здравје и се надеваме дека неговото умирање може да биде потсетник за другите дека не се сами и дека не треба сами да се справуваат со тоа“, се вели во соопштението.
Ангус глумеше во серијата „Euphoria“, во филмовите “The Lin“, „North Hollywood“, а исто така се појави и во музички спотови на различни уметници.