СТАНДАРД life
Шоубиз

Шакира за раскинувањето со Пике: Верував во „додека смртта не не раздели“, бев посветена

Пејачката Шакира (46) за „Билборд“ зборуваше за раскинувањето со Жерар Пике (36) и како целата ситуација влијаела на нивните синови Милан (10) и Саша (8).

– Мои приоритети беа домот и семејството. Верував во „додека смртта не не раздели“. Верував во тој сон и го имав истиот сон за себе, за моите деца – изјави таа.

Како што вели Шакира, се надевала дека ќе ја пронајде љубовта која ја имаат нејзините родители, кои се заедно 50 години.

– Се сакаат како првиот ден, со љубов која е уникатна и неповторлива. Значи знам дека е можно. Тие секогаш ми беа пример. Тоа го сакав за себе и за децата, но тоа не се случи – изјави таа и откри дека морала да ја стави во мирување својата музичка кариера кога живеела со Пике во Шпанија.

– Работата е што му бев посветена. И на семејството и нему. Беше многу тешко да се има професионална кариера додека бев во Барселона. Не можев само да ги оставам децата и да одам да правам музика надвор од дома. Беше тешко да се одржи ритамот – додаде пејачката.

Таа неодамна се пресели во Мајами со своите синови, а оттогаш времето го поминува во студио снимајќи нова музика и планирајќи турнеја за 2024 година. Според Шакира, нејзините синови уживаат да бидат надвор од центарот на вниманието откако се преселиле.

– Тешка им беше ситуацијата со медиумите во Барселона. Папараците беа на нашиот праг секој ден. Тие се нормални деца кои уживаат да бидат нормални – додаде таа.

Поврзани вести

Бела Хадид отворено за својата борба со болеста: „Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена“

Urednik

Семејството не се одвојува од Брус Вилис, откриени НОВИ ДЕТАЛИ за здравствената состојба на актерот

Urednik

(ВИДЕО) Филмот добитник на „Златен лав“ има совршени критики, а Ема Стоун е пофалена за 18+ сцените

Urednik