СТАНДАРД life
Шоубиз

Принцот Хари открива детаљ за својот татко по значајната средба

Иако Бакингемската палата соопшти дека деталите од средбата меѓу принцот Хари и кралот Чарлс нема да бидат откриени, принцот Хари не можеше да се воздржи

Принцот Хари повторно го привлече вниманието на јавноста со своето пристигнување во Лондон, а најголем интерес предизвика неговата ненадејна посета на Кларенс Хаус, кралската резиденција на неговиот татко. Иако многумина не ја очекуваа средбата, војводата од Сасекс беше виден како вози во домот на кралот Чарлс, каде што помина нешто помалку од еден час. Ова, се разбира, беше доволно за да се заклучи дека ова е нивниот најважен состанок во последно време.

Оваа приватна средба доаѓа по 19 месеци без да се видат, што е особено значајно бидејќи Хари и неговиот татко не се виделе лично од февруари 2024 година, кога кралот првпат ја откри дијагнозата за рак.

Бакингемската палата потврди дека е одржан „приватна чајанка“ меѓу таткото и синот, но нагласи дека нема да има дополнителни детали од палатата.

Но, во својот препознатлив стил, Хари не можеше целосно да се воздржи. За време на приемот на „Инвиктус Игрите“, каде што топло разговараше со владини претставници и спонзори, тој се осврна и на состојбата на својот татко.

Тој рече дека кралот одлично се опоравува и им се заблагодари на печатот, објавува „Дејли меил“. Изворите го опишуваат Хари како да изгледа весело и расположено, речиси како кратката средба да му донела олеснување.

Поврзани вести

📸 Каде се денес крадците од „Сам дома“?

Radmila Tasevska

📽 Машин Ган Кели со емотивна порака за спонтаниот абортус на Меган Фокс

Radmila Tasevska

Том Круз повторно се здружи со „Ворнер Брос“ за да прави нови филмови

Urednik