СТАНДАРД life
Шоубиз

Се бори со алопеција, но не се срами од ќелавоста: Џејда сега откри дека косата и пораснала

Џејда Пинкет Смит (51), сопруга на холивудскиот актер Вил Смит, со години ја бричеше главата поради алопеција, состојба поради која и опаѓа косата. Сега на социјалните мрежи покажа дека и пораснала косата.

– Оваа коса овде се однесува како да се обидува да се врати. Сè уште имам неколку проблематични области, но – ќе видиме – напиша таа на Инстаграм.

Таа сподели фотографија од тоа како изгледала порано и како изгледа сега кога и пораснала косата.

Инаку, Џејда првпат зборуваше за опаѓање на косата пред пет години во една епизода од нејзиното ток шоу „Red Table Talk“.

– Многумина прашуваа зошто носам турбани. Па, не зборував за тоа. Не е лесно да се зборува. Еден ден бев под туш и имав грст коса во рацете и само си помислив: „О Боже, дали наскоро ќе бидам ќелава?“. Буквално се тресев од страв“ – изјави тогаш таа.

Алопеција се развива кога имунолошкиот систем ги напаѓа фоликулите на косата, што резултира со губење на косата.

Може да дојде до ненадејно губење на косата на скалпот, а во некои случаи и на веѓите, трепките и лицето, како и на други делови од телото. Исто така, може да се развива бавно и да се повтори по неколку години.

Поврзани вести

Џиџи Хадид и Бредли Купер имаат „љубовно скривалиште“

Radmila Tasevska

Џеки Чен се игра себеси во нова акциона комедија

Urednik

Фотографите ја фатија Меган Маркл, таа со еден потег ги разбесни Британците

Radmila Tasevska