СТАНДАРД life
Шоубиз

📸 Селин Дион за борбата низ која минува: „Нема да дозволам болеста да ме дефинира“

Реткото автоимуно нарушување, во овој случај синдром на вкочанета личност, кое влијае на централниот нервен систем, ја стави кариерата на Селин Дион во мирување.

Познато е дека познатата пејачка веќе подолго време се наоѓа во медиумска илегала и дека многу ретко се огласува. Меѓутоа, сега таа направи исклучок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Пејачката најави дека наскоро ќе се емитува документарен филм за нејзиниот живот. Режисер е Ајрин Тејлор, номинирана за Оскар. Токму овој документарец ќе ја прикаже борбата низ која минува познатата Дион.

„Овие неколку години беа огромен предизвик за мене, патување од откривање на мојата состојба до учење како да живеам и управувам со неа, но да не дозволам тоа да ме дефинира. Како што продолжува патот на мојата изведувачка кариера, сфатив колку ми недостигаше тоа што не можев да ги видам своите фанови. Во текот на ова отсуство, одлучив дека сакам да го документирам овој дел од животот, да се обидам да ја подигнам свеста за оваа малку позната состојба, да им помогнам на другите кои ја делат оваа дијагноза со мене“, напишала Дион на Инстаграм, без точен датум за планираната премиера на документарецот.

Поврзани вести

Поширокото семејство ги заострува односите со Хари и Меган – и кумот на Арчи им врти грб

Urednik

На уште една холивудска врска и доаѓа крајот

Urednik

Најголема поддршка: Ѕвездата од „Опенхајмер“ повеќе од 20 години сака таинствена Ирка

Urednik