СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Шоубиз

Скандал по скандал на Евгросонг: Победникот на Евровизија го врати трофејот поради Израел!

Победникот на Евровизија 2024, Немо од Швајцарија, соопшти дека го враќа трофејот по одлуката на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) да му овозможи учество на Израел на следното издание на натпреварот во мај 2026 во Виена.

Јасен судир меѓу прокламираните идеали и одлуката што ја донесе ЕБУ. Поради одлуката и следната година на „Песна на Евровизија“ да му се дозволи учество на Израел, земјите кои досега настапуваа масовно се повлекуваат од фестивалот.

Сега се огласи и претставникот на Швајцарија и победник на Евровизија 2024. Соопштението на Немo Метлер го пренесуваме во целост:

Минатата година победив на Евровизија и го добив трофејот. И иако сум неизмерно благодарен на заедницата околу ова натпреварување и на сè што ме научи ова искуство – и како личност и како уметник – денес повеќе не чувствувам дека овој трофеј ми припаѓа.

Евровизија тврди дека се залага за единство, инклузија и достоинство за сите. Тие вредности го направија ова натпреварување значајно за мене. Но континуираното учество на Израел, во период кога Независната меѓународна истражна комисија на ООН утврди дека се случува геноцид, покажува јасен судир меѓу тие идеали и одлуката што ја донесе ЕБУ. Ова не е прашање на поединци или уметници. Натпреварот повеќепати беше искористен за ублажување на сликата на држава обвинета за тешки кривични дела, додека ЕБУ инсистира дека Евровизија е ‘неполитичка’. А кога цели држави се повлекуваат поради оваа контрадикција, треба да биде јасно дека нешто длабоко не е во ред.“

Затоа одлучив да го вратам мојот трофеј во седиштето на ЕБУ во Женева. Со благодарност и со јасна порака – живејте ги вредностите што ги проповедате. Ако вредностите што ги славиме на сцената не живеат и надвор од неа, тогаш дури и најубавите песни го губат своето значење.“

Немо има 26 години и се декларира како небинарна личност, односно не како маж ниту како жена, туку како „тие“. Победата на Швајцарија тогаш предизвика бројни реакции.

Поврзани вести

Сопругата на Брус Вилис пишува книга за животот по неговата дијагноза

Radmila Tasevska

Откако поднесе барање за развод минатата недела, Аријана Гранде веќе има нова љубов

Urednik

Мерил Стрип во овој филм се појавила само пет минути, а заработила 3 ​​милиони долари

Radmila Tasevska