СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / „Амиџи шоу“
Шоубиз

Весна Змијанац заврши на интензивна нега, позната е состојбата на пејачката

Српската пејачка Весна Змијанац била хоспитализирана, на интензивна нега, па била задржана поради здравствената состојба, а сега, според информации на „Пинк.рс“, пејачката е префрлена во соба.

Како што порано објави „Курир“, Весна повикала брза помош откако почувствувала вкочанест на целата лева страна на телото.

Змијанац денеска беше примена во Ургентниот центар поради здравствената состојба и откако ѝ беше укажана соодветна и навремена медицинска помош, таа беше задржана во болница за понатамошни прегледи.

Како што дознава „Пинк“ од извори, Весна е префрлена од интензивна нега во соба каде што ќе продолжи испитувањето за нејзината здравствена состоба. Имено, пејачката не е во животна опасност, а она што е интересно, е дека таа  дури им ја отпеала својата песна „Idem preko zemlje Serbia“ на медицинските сестри.

Да потсетиме, пејачката беше оперирана во Клиничкиот центар на Србија пред две години, кога ѝ беше вграден бајпас и подолг период се опоравуваше.

 

Поврзани вести

Ново обвинение за силување против Шон „Диди“ Комбс

Urednik

📸 Сопругата на Канје повторно шокираше: Гола под проѕирниот мантил

Radmila Tasevska

Били Џоел објави нова песна по 17 години

Radmila Tasevska