СТАНДАРД life
Шоубиз

(Видео ) „Момчето на мојата ќерка снесе јајце“: Шокантната и бизарна приказна на славната актерка ги шокираше сите!

Актерката Кејт Бекинсејл (52) се појави во емисијата на Џими Кимел за да го промовира својот нов акционен трилер „Дива мачка“, но наместо да зборува за филмот, таа сподели една од најбизарните приказни раскажани во вечерното шоу. Таа тврдеше, имено, дека момчето на нејзината ќерка Лили Мо Шин „снело две јајца за една недела“.

Иако и самата се посомневала во целата ситуација, таа рекла дека јајцето имало и лушпа и жолчка. Според нејзините зборови, момчето било шокирано од првиот настан, па дури едното јајце го скршил за да провери што се наоѓа внатре, наведувајќи дека изгледало како да е „сварено внатре“.

Нејзините сомнежи беа разрешени кога доби СМС-порака од својата ќерка во текот на нивното патување во Њујорк, во која Лили тврдела дека сè се случило повторно. Бекинсејл истакнала дека момчето на нејзината ќерка било навистина исплашено и дека дури го прашала дали можеби некако, на некој начин самиот ги вметнува јајцата, но заклучила дека тоа би било исклучително тешко да се направи без оштетување.

– Излегло онака како што би излегло од кокошка. Па, не од неговата вагина. Отишол во тоалет и бил многу изненаден кога открил дека снел јајце – рекла таа, пренесува „Си-ен-ен“ и додала:

– Му реков: „Дали е ова некаков вид барање внимание? Дали буткаш јајца во задникот?“ Но, мислам дека е доста тешко да се бутка јајце во задникот, а потоа да се извади цело без да се оштети јајцето.

Кога актерката му ги покажала на водителот фотографиите што ги добила од ќеркаta, Кимел бил изненаден и се пошегувал дека момчето би можело да биде „велигденското зајче“.

Поврзани вести

Бритни Спирс откри дека татко ѝ бил алкохоличар

Radmila Tasevska

Модниот свет тагува: Почина легендарниот моден дизајнер Валентино

Urednik

Тори Кели итно хоспитализирана – состојбата на пејачката е загрижувачка

Urednik