СТАНДАРД life
Шоубиз

(ВИДЕО)Кевин Харт заврши во инвалидска количка

Комичарот и актер Кевин Харт (44) по повредата заврши во инвалидска количка, а сега објасни што му се случило.

Актерот апелираше до луѓето над 40 години да ја „почитуваат“ својата возраст.

-Јас сум најглупавиот човек на светот – рече за повредите и откри дека се обидел да учествува во „работи за млади“.

Харт бил со својот пријател Стивен Ридли кога решиле да се тркаат еден со друг. Ридли е една деценија помлад од Харт и поранешен НФЛ играч, но комичарот се обложил со него дека сепак е побрз тркач. За да се реши расправијата, двајцата се натпреваруваа во трка на 40 метри, поради што Харт го повредил долниот дел на стомакот и моментално не може да оди.

– Дами и господа, 40 години се реални. За сите мажи и жени кои имаат 40 или повеќе години, тоа не е игра. Почитувајте ја таа возраст или таа возраст ќе ве натера да ја почитувате – рече тој на почетокот на снимката.

Тој откри и дека видеото го снимил за никој да не се загрижи кога ќе го види надвор.

– Зошто се натпреварувам на оваа возраст? Што правам? Зошто воопшто се тркав? Најглупаво нешто досега, сега не можам да одам. Што мислев? Боже, мора да сум најглупавиот човек на светот, додава комичарот.

Поврзани вести

Кејт Мидлтон пристигна во Шкотска во очекуваната боја – кралско сина (ФОТО)

Urednik

И го донираше својот бубрег, а потоа се оддалечија: Најдобрата пријателка на Селена Гомез откри каков однос имаат тие две сега

Radmila Tasevska

Откако постави титаниумска протеза, Канје Вест ги загрижи обожавателите: „Што му е на усната?

Radmila Tasevska