СТАНДАРД life
Шоубиз

🎥 „Никогаш не сум ги видел Тејлор Свифт и Блејк Лајвли под толкав стрес“: Видеото од Супер Боул стана хит на Интернет

Пејачката Тејлор Свифт привлече големо внимание на Супер Боул. Таа од трибините го бодреше своето момче Тревис Келси кој игра за Канзас Сити Чифс.

Неговиот тим триумфираше со резултат 25:22, а во тој момент Тејлор почна да вика и да скока радувајќи се.

Пејачката на натпреварот пристигна во друштво на своите пријателки Блејк Лајвли и Ајс Спајс, а трите со голема возбуда го следеа натпреварот.

Видео од бодрењето на Тејлор и Блејк стана хит на социјалните мрежи. Тоа беше момент кога ситуацијата на теренот, судејќи по нивните реакции, беше доста напната, а Блејк во еден момент дури и опцу.

„Никогаш не сум ги видел Тејлор Свифт и Блејк Лајвли под толку голем стрес“, гласи описот на видеото.

Поврзани вести

„Шинејд би била горда“: Ени Ленокс повика на прекин на огнот во Газа на Греми

Radmila Tasevska

РИКИ МАРТИН СЕ РАЗВЕДУВА ОД СОПРУГОТ: Кој ќе ги добие децата?

Urednik

Тори Кели итно хоспитализирана – состојбата на пејачката е загрижувачка

Urednik