15.8 C
Скопје
19 септември, 2026
СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Гвинет Палтроу покажа како се согласува со Дакота Џонсон, девојката на нејзиниот поранешен сопруг

Актерката Гвинет Палтроу беше во брак со Крис Мартин, а и по разделбата останаа многу блиски и ја споделуваат одговорноста за одгледување на 19-годишната ќерка Епл и 17-годишниот син Мозес. Со оглед на тоа дека и двајцата родители по разделбата ја пронашле среќата во нови партнери, семејството е побогато за повеќе нови членови, а Палтроу нагласила колку е среќна со своето пошироко семејство.

На Инстаграм таа одговори на барањето на еден од нејзините следбеници кој ја замоли да сподели фотографија од неа и новата девојка на Мартин, актерката Дакота Џонсон, која се прослави со улогата во „50 нијанси сиво“.

Гвинет Палтроу и Дакота Џонсон
Гвинет Палтроу и Дакота Џонсон

Преслатката фотографија од двете актерки држејќи се за раце освои многу лајкови и покажа дека односите во ова пошироко семејство се навистина она што Палтроу ги опишува како: „Таа секогаш сака да ги прави овие забавни авантури со нив и активности. Некако не е многу таму, често е на пат, но доаѓа, речиси како да доаѓа и да фрла самовилска прашина“, го опиша Палтроу фронтменот на Coldplay како родител.

Актерките и остатокот од семејството заедно го поминале Денот на благодарноста, а после тоа излегле на прошетка при што е направена и фотографијата. Гвинет блесна во опуштена верзија без шминка во зелена зимска јакна, а слична маслинеста јакна носеше и 17 години помладата Дакота Џонсон, која носеше кул бејзбол капа.

„Всушност, ние сме многу добри пријатели. Ја сакам многу. Таа е толку слатка, прекрасна личност“, рече Гвинет во „прашања и одговори“ на Инстаграм на 5 октомври.

Поврзани вести

„Ја имав најубавата кариера, неверојатна“: Елтон Џон го одржа последниот концерт од својата проштална турнеја

Radmila Tasevska

Легендарниот режисер откри зошто никогаш не ги гледа своите филмови во јавност

Radmila Tasevska

Скандал во пресрет на Евровизија: Извршниот директор на австриската телевизија обвинет за злоставување колешка

Urednik