СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Новиот холивудски пар ги потврди гласините со заедничко излегување

Иако веќе некое време се шпекулира за искри меѓу Џошуа Џексон и Лупита Нионго, едно излегување потврди се. Двојката оваа среда е видена како се држи за рака во Калифорнија, а фановите само чекаат актерите да потврдат се со некое заедничко појавување на црвениот тепих или можеби селфи.

Ѕвездата на „12 Years a Slave“ беше забележана со канадскиот актер на лежерна прошетка. Облечени во опуштени комбинации, парот изгледаше задоволно додека одеа и се насмевнуваа еден на друг.

Фотографиите на Џексон и Нионго се направени два месеци откако беше објавено дека 45-годишниот актер се разделува од 27-годишната актерка поради, како што рече, „непомирливите разлики“. Џексон, кој последните четири години ги помина во брак со Џоди Тарнер-Смит, најверојатно ќе го добие заедничкото старателство над нивната тригодишна ќерка Џени.

Џошуа Џексон и Лупита Нионго
Џошуа Џексон и Лупита Нионго

Пред бракот со Тарнер-Смит, канадскиот актер беше во врска со германската колешка Дајан Кругер, но раскинаа по 10 години.

Лупита Нионго и Џексон исто така беа видени заедно во октомври на концертот на Жанел Монае во Лос Анџелес, а уште тогаш изгледаше дека се забавуваат заедно.

Меѓутоа, во октомври актерката и ѕвезда на филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ исто така објави дека и е скршено срце по раскинувањето со Селем Масеке. Имено, во објава на Инстаграм таа призна дека Масеке ја изневерувал и дека решила да се соочи со болката што ја чувствува.

Набргу потоа, како што изгледа, Џексон влезе во нејзиниот живот и ја натера да заборави на љубовните неволји.

Поврзани вести

(Фото) Амал Клуни се појави на Олимписките игри во модел кој ќе биде апсолутен хит оваа пролет!

Urednik

Бритни Спирс откри дека татко ѝ бил алкохоличар

Radmila Tasevska

🎥Зак Ефрон за екстремната трансформација за новиот филм: „Болката беше секојдневие“

Urednik