СТАНДАРД life
Здравје

Пример за нискокалорична диета: Koj e минималниот број на калории што треба да ги консумираме?

Ако сте решиле да ја промените исхраната и да почнете да јадете нискокалорична храна, знајте дека мора да се подготвите за тоа. Тоа не е само одлука и слично, туку треба да имате план – најдобро е да се провери кај нутриционист.

Нискокалоричната диета е актуелна и во трендовите на храна.

Што е нискокалорична диета?

Како што кажува и нејзиното име, тоа е диета која има помалку калории од диетата што веќе сте ја пробале. Целта е да создаде калориски дефицит за телото да почне да ги користи енергетските резерви како гориво, пишува „Prevention“.

Нискокалорична диета обично вклучува ограничување од 1.000 до 1.500 калории дневно, но опсегот може да варира. Не постојат строги правила за тоа што можете и што не смеете да јадете при нискокалорична диета.

Општо земено, придржувањето до нискокалорична диета ќе ви овозможи да го ограничите внесот на калории додека се уште уживате во вашите оброци и закуски.

Пример за нискокалорична диета

Еве пример за нискокалорично мени за лице кое следи диета од 1.500 калории дневно:

Појадок

Во сад измешајте шолја јогурт, лажица путер од бадем, праска и цимет и испијте шолја црно кафе.

Ужина

Јадете парче сирење и чаша јагоди.

Ручек

На две кришки леб од цели зрна додадете 85 грама туна, лажица диетален мајонез и две парчиња домат. Јадете стапчиња од морков и целер со овој сендвич и, се разбира, една чаша вода.

Ужина:

Јадете мала порција варен едамаме (растение) и испијте шолја чај.

Вечера

Испечете 85 грама тофу сирење и згответе чаша кафеав ориз со половина чаша варен зеленчук. Можете да пиете чаша газирана вода.

Нискокалорична диета е лесна за следење сè додека знаете точно колку калории можете да јадете секој ден. Ниту една храна не е технички „исклучена“, па се додека ги земате предвид овие калории, сè уште можете да уживате во вашите омилени задоволства ако ја следите оваа диета.

3 најефикасни диети за слабеење: Со нив лесно ќе го изгубите вишокот килограми!

Поврзани вести

Три несакани последици од прекумерното консумирање јајца

Radmila Tasevska

Овие намирници можат да го подобрат расположението

Radmila Tasevska

Печурките го намалуваат ризикот од рак на простата

Radmila Tasevska