СТАНДАРД life
Стил

📷Ова старо модно правило повеќе не важи, а доказ е стајлингот на гламурозната бринета

Иако често кога се во прашање модните комбинации, постојат некои правила кои не вреди да се прекршат, аутфитот на Џесика Алба е најдобар доказ дека понекогаш навистина вреди да им се пркоси.

Атрактивната бринета за пригода облече сензационален вечерен фустан без прерамки, во кој изгледаше како вистинска холивудска дива, а беше изработен од блескава ткаенина со златен и сребрен сјај.

Актерката докажа дека воспоставеното стилско правило за немешање златно и сребрено е едноставно тотално застарено – и токму затоа изгледа фантастично.

Џесика Алба
Џесика Алба

Ѕвездата од „Градот на гревот“ успешно докажа дека златните и сребрените блескави ткаенини изгледаат многу шик заедно на гала вечера одржана во Л.А. и ги „покоси“ сите со нејзиниот хипнотизирачки изглед.

Наместо вообичаените лелеави креации, заносната Џесика воодушеви во модерен фустан со светки од дизајнерката Тамара Ралф. Откако долго време златото и среброто мораа да одат по свој различен пат, дизајнот во кој се појави сопственикот на компанијата The Honest сега ги комбинира овие два „метали“ со многу стил и докажува дека тоа е многу добра идеја.

Прекрасниот фустан со метален сјај одлично се вклопува во актуелните трендови кои ги фаворизираат светкавите ткаенини пред сезоната на празници. Затоа, доколку одлучите да блеснете во златен и сребрен изглед „a la Alba“, можете да изберете едноставни модни додатоци во неутрални нијанси или како неа – впечатливи златни сандали.

Внимателно фенираната коса и воздушеста шминка го комплетираа ова беспрекорно издание на убавата актерка која се прослави на почетокот на 2000-тите во серијата „Dark Angel“.

Поврзани вести

Од омразени до најпопуларни: Овие летни панталони од ден на ден стануваат се попопуларни

Urednik

📸 Деми Мур знае како да привлече внимание со незаборавен фустан

Urednik

Изгледа сензационално: Хали Бери доминираше во фустан со заводливи шлицови

Urednik