СТАНДАРД life
Стил

📸Ева Лонгорија во ефектен фустан ги фрли сите во втор план

Шпанското издание на магазинот Harper’s Bazaar во Мадрид собра многу познати дами како дел од новите награди „Women of the Year“.

Познатите гости на настанот, одржан во мадридското кино „Сине Калао“, ги предводеше ѕвездата на „Очајните домаќинки“, 48-годишната Ева Лонгорија Бастон.

За таа прилика таа целосно блесна во најпопуларната боја на сезоната истакната на фустан со уникатен дизајн.

Станува збор за креација со потпис на познатиот либански дизајнер Зухаир Мурад, а се уште е достапна во продажба по цена нешто повисока од четири илјади евра.

Ева Лонгорија
Ева Лонгорија

Мурад ја нагласи трендовската црвена боја на фустанот со име Georgette, кој беше поддржана од врвки украсени со ефектни топчиња од сребрен сјај.

Впечатливиот фустан на ѕвездата го избра стилистката Мејв Рајли, додека долгогодишниот фризер на Ева, Кен Пејвс, се погрижи за елегантното дотерување.

Поврзани вести

Венчаницата на оваа невеста ги воодушеви сите – кога ќе ја погледнете, ќе разберете зошто (ФОТО)

Urednik

📷Александра Радовиќ ги воодушеви следбениците со својот стајлинг! Здолништата и фустаните можат да одат на полиците

Urednik

Малкумина би имале храброст за ова: Стајлингот на Северина за кој долго ќе се зборува

Urednik