СТАНДАРД life
Стил

📸Сè и стои: Лежерниот изглед е совршен за убавата Русинка

Марија Шарапова, 36-годишна пензионирана руска тенисерка и поранешна победничка на Вимблдон, денес ужива во семејниот живот со својот вереник Александар Гилкс, со кој минатата година го доби синот Теодор.

Успешната спортистка која како девојче се пресели од Русија во САД за тениската кариера, не ги избегна фотографите во Санта Барбара во лежерно издание кое одлично и прилегаше.

Марија Шарапова
Марија Шарапова

Иако секогаш ја гледаме совршено облечена на црвениот тепих, на витката претприемачка одлично и стојат и спортските модни комбинации. Таа искомбинирала лежерен бел дуксер со удобни кафени „џогер“ панталони и Nike патики.

Шминката беше минимална, додека фризурата беше младешки пуштена со странична разделба.

Поврзани вести

📸Тешко е да се каже која има повпечатлив аутфит – Ким Кардашијан или Иванка Трамп

Urednik

Фустанот кој го поцрвени црвениот тепих на овогодинешната Венеција

Radmila Tasevska

🎥Дали Ирина Шајк претера? Нејзината облека на US Open е главна тема

Urednik