СТАНДАРД life
Стил

Ана Винтур предизвика хаос на модната недела во Њујорк

Алфа и омега на модниот свет, најпознатата уредничка во светот, едната и единствена Ана Винтур, предизвика бурни реакции кај познатите дизајнери кои ги претставија своите креации во Њујорк поради нејзиното патување во Лондон на настанот „Вог ворлд“.

Според Page Six, шефицата на Vogue и стравот и трепет на модната сцена, оваа година предизвикале вистински хаос одлучувајќи да отпатува во Лондон пред почетокот на модната недела во Њујорк.

Нејзината одлука да не чека и да ги види од првиот ред најновите трендови претставени во Њујорк од најголемите дизајнерски имиња, ги принуди дизајнерите да забрзаат сè и да ги креираат своите колекции пред Модната недела, сè за Ана Винтур да може лично да ги види пред да патува во Лондон.

Модната недела во Њујорк започна во средата, а Ана Винтур го напушти Њујорк викендот претходно. Како што открија добро упатени извори, дизајнерите морале навистина напорно да ги завршат своите колекции пред крајниот рок, за да и покажат се на Винтур на приватната ревија. Сето тоа предизвика стрес меѓу нив, но и вистински хаос на Модната недела.

И додека Хали Бери, Блејк Лајвли и Аријана ДеБоз седеа во првите редови во Њујорк, на пример на ревијата на Мајкл Корс, наместо Винтур, таа ги следеше модните настани во англиската престолнина со своите очила за сонце како заштитен знак.

Поврзани вести

(ФОТО)Џорџина Родригез го комплетираше својот елегантен изглед со чанта по која копнеат трендсетерите

Urednik

📷Не се грижи што мислат другите: Никол Кидман во фустан за кој е потребна храброст

Urednik

📷Шерон Стоун го украде вниманието во гламурозна креација која не е за секого

Urednik