СТАНДАРД life
Стил

ФАМОЗНО издание: Џенифер Лопез ги изненади сите со својот новогодишен стајлинг

Џенифер Лопез често споделува многу лични искуства со своите следбеници на социјалните мрежи, а исклучок не беше ниту нејзината новогодишна прослава.

И додека сите очекуваа гламурозно издание со светки и црвена роза, пејачката и актерка со порториканско потекло блесна во – пижами.

Холивудската ѕвезда привремено се откажа од неудобните потпетици и мини фустани и ја дочека 2024 година во најудобна комбинација, која сепак зрачеше со елеганција и висока класа.

Имено, Лопез облекла бели сатенски пижами и ја искомбинирала со црна бунда и се заокружила со мек ремен врзан околу половината, шик шешир и прекрасно бисерно ланче.

Иако нејзиниот стајлинг очигледно не беше според „правилата“ на облекување за новогодишната ноќ, пејачката успешно го трансформираше во полн хит со оваа импресивна комбинација на навидум некомпатибилна, но и воодушевувачка шминка – препознатлив сјај, нежно руменило и луксузно црна сенка за очи – која сè подигна на повисоко ниво.

Непогрешлива комбинација: Џенифер Лопез има есенски стајлинг кој вреди да се ископира

Поврзани вести

Меган Маркл блеска во неодолива неутрална нијанса која одлично се вклопува со исончаниот тен

Urednik

(ФОТО) Француската стилска икона на црвениот тепих создаде моден момент за паметење

Urednik

Тејлор Свифт и Блејк Лајвли го привлекоа вниманието со заводливи комбинации

Urednik