СТАНДАРД life
Стил

Не може да биде поедноставно: Ваков топ е гаранција за генијален стајлинг

Џесика Честејн ги „сврте главите“ на „Sustainable Fashion Awards“ на Миланската модна недела во сензационална облека која вклучуваше класична комбинација на бои со која никогаш не можете да погрешите.

Црвенокосата актерка, која доби Оскар за улогата во „The Eyes of Tammy Faye“, изгледаше гламурозно во кус бел горен дел без грб, украсен со блескави детали и елегантни широки панталони.

Џесика Честејн
Џесика Честејн

46-годишната Американка го надгради својот извонреден изглед со прекрасна чанта од Gucci во бордо боја, а врв на овој црно-бел стајлинг беше женствената фризура стилизирана во меки локни и пристојна шминка.

Поврзани вести

📷Стајлинг достоен за идна кралица: Кејт Мидлтон блесна во луксузно издание

Urednik

📷Амал и Џорџ Клуни целосно го маѓепсаа Лондон со својата елеганција

Urednik

Какви чевли се овие? Кајли Џенер изненади со бизарен модел…

Urednik