СТАНДАРД life
Стил

Се уморивте од фустани? Летото е незамисливо без ова вечно парче

Ема Робертс, 32-годишната ѕвезда од серијата „Американска хорор приказна“, во секоја прилика одново и одново докажува дека научила многу за модата од нејзината позната тетка Џулија Робертс, која секогаш е брилијантно облечена.

Младата актерка го привлече вниманието на улиците на Лос Анџелес во друштво на своето момче Коди Џон, во кул летна комбинација на која е невозможно да и се најде замерка.

Добро градената актерка ги истакна своите витки нозе во тексас шорцеви (Levi’s), безвременско парче кое е секогаш е „ин“ и совршена алтернатива на лелеавите фустани.

Ладната комбинација ја заокружи со весела блуза со цветен дезен од канадскиот бренд Smythe, удобни кожни мокасини со двa ремени и минијатурна „cross body“ чанта.

Поврзани вести

📸Сè и стои: Лежерниот изглед е совршен за убавата Русинка

Urednik

📷Топ или „флоп“? Дуа Липа во „костур“ фустан кој ја подели јавноста

Urednik

📸 Дакота Џонсон на премиерата на „Мадам Веб“ се појави во проѕирен фустан од сребрени ланчиња

Radmila Tasevska