СТАНДАРД life
Стил

📷Ова старо модно правило повеќе не важи, а доказ е стајлингот на гламурозната бринета

Иако често кога се во прашање модните комбинации, постојат некои правила кои не вреди да се прекршат, аутфитот на Џесика Алба е најдобар доказ дека понекогаш навистина вреди да им се пркоси.

Атрактивната бринета за пригода облече сензационален вечерен фустан без прерамки, во кој изгледаше како вистинска холивудска дива, а беше изработен од блескава ткаенина со златен и сребрен сјај.

Актерката докажа дека воспоставеното стилско правило за немешање златно и сребрено е едноставно тотално застарено – и токму затоа изгледа фантастично.

Џесика Алба
Џесика Алба

Ѕвездата од „Градот на гревот“ успешно докажа дека златните и сребрените блескави ткаенини изгледаат многу шик заедно на гала вечера одржана во Л.А. и ги „покоси“ сите со нејзиниот хипнотизирачки изглед.

Наместо вообичаените лелеави креации, заносната Џесика воодушеви во модерен фустан со светки од дизајнерката Тамара Ралф. Откако долго време златото и среброто мораа да одат по свој различен пат, дизајнот во кој се појави сопственикот на компанијата The Honest сега ги комбинира овие два „метали“ со многу стил и докажува дека тоа е многу добра идеја.

Прекрасниот фустан со метален сјај одлично се вклопува во актуелните трендови кои ги фаворизираат светкавите ткаенини пред сезоната на празници. Затоа, доколку одлучите да блеснете во златен и сребрен изглед „a la Alba“, можете да изберете едноставни модни додатоци во неутрални нијанси или како неа – впечатливи златни сандали.

Внимателно фенираната коса и воздушеста шминка го комплетираа ова беспрекорно издание на убавата актерка која се прослави на почетокот на 2000-тите во серијата „Dark Angel“.

Поврзани вести

📸Како да се договориле: Маргот Роби и Емили Блант носеле речиси идентични фустани

Urednik

Најпопуларни нијанси на лакови за нокти за зима

Radmila Tasevska

Славна стилистка открива кои четири „must have“ комбинации никогаш нема да излезат од мода

Urednik