Пејачката Дуа Липа на доделувањето на наградите во Лос Анџелес искомбинира фустан од Прада со накит Tiffany & Co во комбинација за која долго ќе се зборува. И покрај црвениот тепих, фустанот на Прада што го носеше пејачката со албанско потекло навистина се истакна.
Дизајнот е на Лоренцо Посоко, а кројот на фустанот во форма на сирена одлично ја следеше нејзината линија, истакнувајќи ја нејзината витка половина. Креацијата без прерамки со слоеви од текстура ткаенина со целосна должина налик на цветни ливчиња потсетуваше на свежа англиска роза.
Пејачката ја имаше соодветната боја на косата со фустанот, секако црвена, а ја обликуваше во елегантно полуопашче со прамен кој заводливо поминуваше преку половина од челото. Носеше и обетки Jean Schlumberger Tiffany & Co.
Нејзиниот храбар изглед совршено се совпаѓа со новата глобална соработка со Porsche, објавена во декември. Таа претходно беше заштитно лице на Jaguar, Versace, Puma и Yves Saint Laurent Beauté.