СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Апликацијата Adobe Photoshop Camera е бесплатна и користи ВИ

Adobe продолжува да ги проширува своите мобилни понуди со бесплатната апликација Photoshop Camera, чија тест верзија е веќе достапна за одредени корисниците на iOS и Android пред конечната да им биде достапна за сите во 2020 година.

Софтверот се потпира на платформата за вештачка интелигенција Sensei, која препознава објекти во рамки и нуди најпогодни филтри за нив – истите може да се применат во реално време или на фотографии од галеријата.

Компанијата ќе додаде филтри од познати уметници (како што Били Ајлиш), а корисниците на тест-верзиите на Photoshop Camera, исто така, ќе можат да создадат свои.

Апликацијата може да разбере дали снимате работи како што се портрет, пејзаж, селфи или храна и ги препорачува соодветните поставки додека воисто време го оддржува оригиналниот кадар. Технологијата ги разбира и техничките одлики на кадарот, како што се динамичен опсег, тон, области на лицето, типот на сцена, итн. и автоматски применува софистицирани оптимизации.

Апликацијата треба да излезе следната година, но можете да аплицирате за да се приклучите на програмата за тестирање.

Поврзани вести

Nokia посочува дека 5G е 90% поефикасен од 4G

msp-admin

Игра на македонско гејминг студио со повеќе од 3 милиони симнувања на iOS

msp-admin

iPhone 13 Pro може да има варијанта со 1TB простор за складирање

Влатко Зорба