СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук ги забранува „deepfake“ видеата

Фејсбук објави дека ги забранува таканаречените „deepfake“ видеа, кои се вистински видеа, но манипулирани со вештачка интелигенција и други алатки. Акциите на социјалната мрежа се дел од нејзините напори за борба против манипулацијата преку Интернет, објави АП.

Социјалната платформа соопшти во понеделникот вечер дека ги засилува своите политики за отстранување на редактираните видеа, кои отстапуваат од фактите. Создадени преку вештачка интелигенција или други алатки, „deepfakes“ комбинираат или заменуваат содржини за да создадат кадрид за кои е речиси невозможно да се каже дека се лажни.

Иако овие видеа се ретки на Интернет, тие претставуваат голем предизвик за нашиот сектор и општеството бидејќи нивната употреба се зголемува, забележа Фејсбук.

Исклучоци ќе има, како сатира, а тие ја потенцираат рамнотежата што Фејсбук и другите социјални медиуми се обидуваат да ја стават во својата борба против ширење на интернет дезинформации или лажни вести, додека се почитува слободата на говорот.

Поврзани вести

Redmi телефоните ќе имаат 108MP камери

Влатко Зорба

TikTok ја изгуби титулата на најпопуларна апликација

msp-admin

Тиндер започнува со тестирање на опцијата за видео чет

msp-admin