СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Facebook тестира функционалност Popular Photos

Благодарение на TechCrunch, дознаваме дека Facebook наскоро ќе промовира нова функционалност во социјалната мрежа. Таа се вика Popular Photos и до одреден степен ќе личи на секцијата за пребарување на Instagram. Во моментот при отворање на фотографија од потокот за вести во Facebook, добивате изглед со црни рамки околу неа, и со кликнување или влечење се враќате на главниот изглед.

Со Popular Photos, со „скролање“ ќе имате пристап до повеќе фотографии од вашите пријатели и други јавни објави. За избирање на сликите што ќе се најдат во соодветниот поток се користи специјален софтверски алгоритам. Добрата работа за ова е што текстот што го гледате на фотографијата е ограничен на 65 карактери.

По начин на работа, Popular Photos потсетува многу на посебната секција за видеоснимки на Facebook, претставена пред некое време. Социјалната мрежа ја тестираше новата функционалност во октомври, во која беа опфатени ограничен број корисници. Резултатите во моментот се разгледуваат и се очекува да се донесе одлука за тоа кога таа ќе се воведе за сите.

Поврзани вести

„Apple“ подготвува сопствен електричен автомобил

Никола Поповски

Huawei P40 Pro може да добие специјален сензор од 52MP од Sony

msp-admin

И автомобилите на BMW ќе поддржуваат Android Auto

msp-admin