СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Флексибилниот iPhone на Apple може да има поддршка за паметно пенкало

Првите гласини дека Apple развива флексибилен iPhone се појавија на крајот на 2017 година. После тоа, извештаите сугерираа дека телефонот конечно ќе биде подготвен за пазарот следната година, но новиот извештај на аналитичката компанија EqualOcean го одложи тоа соопштение за 2023 година.

Интересно, извештајот исто така тврди дека флексибилниот iPhone ќе има поддршка за паметно пенкало. Не е познато дали ова се однесува на актуелниот Apple Pencil, кој го користат некои модели на iPad, или пак ќе станува збор за пенкало со нов дизајн.

Кога ќе се отвори, екранот на овој флексибилен iPhone ќе биде со големина од 7,3 до 7,6 инчи. Ова ќе овозможи многу долг сооднос, бидејќи се верува дека флексибилниот iPhone ќе има формат на преклопување (вертикално виткање како кај моделот Galaxy Z Flip).

Нема официјална потврда од Apple дека компанијата навистина развива телефон со флексибилен екран.

Поврзани вести

Лоша вест за јутјуберите: Се воведува дополнителен данок во САД

Влатко Зорба

Гугл објави извештаи за движењата на луѓето

msp-admin

Прходите од видеоигри оваа година 160 милијарди долари, до 2023 година, индустријата за игри ќе прави над 200 милијарди

msp-admin