СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei HarmonyOS 2.0 ќе пристигне за телефони во 2021 година

Пред една година, Huawei претстави свој оперативен систем – HarmonyOS. Сега извршниот директор на компанијата Ричард Ју го објави HarmonyOS 2.0, за време на настанот Huawei Developer Conference, и беше објавено дека оперативниот систем конечно пристигнува на повеќе уреди.

HarmonyOS 2.0 е создаден за да нуди функционалност на различни платформи од самиот старт, од паметни часовници до слушалки и телефони. Ју истакна дека првите телефони, кои ќе користат HarmonyOS 2.0, ќе бидат достапни во текот на следната година, иако не се објавени конкретни детали. Овие уреди првично може да бидат ограничени на кинескиот пазар.

HarmonyOS 2.0 SDK за паметни телевизори, паметни часовници и автомобили ќе биде достапен од утре, додека верзијата за телефони ќе биде достапна подоцна во декември.

Покрај тоа, Huawei го објави својот проект со отворен код OpenHarmony и е сличен на AOSP (Android Open Source Project). Проектот ќе биде отворен за програмерите наскоро и ќе поддржува уреди со 128KB (килобајти) RAM меморија.

HarmonyOS нуди функционалност на повеќе екрани, со индивидуализирачки UX елементи, дизајнирани да работат на широк спектар на уреди. Huawei укажува на подобрена безбедност, паметно препознавање на глас и брз пренос на податоци во рамките на платформата.

Беше споменат и HMS Core 5.0, а Huawei посочи дека еко-системот HMS сега достигнал 96.000 апликации и е поддржан од 1,8 милиони развивачи.

Поврзани вести

Xiaomi Mi Mix се појави на фотографии во живо

Влатко Зорба

Што да очекуваме од дигиталната конференција на CES?

Влатко Зорба

LG Rollable ќе се продава за 2.110 евра на крајот на 2021 година

Влатко Зорба