Huawei веќе го претстави интерфејсот EMUI 10 и исто така потврди дека ќе надоградат кон него двоцифрен број на паметни телефони, кои се продаваат ширум светот. Ова е можно благодарение на договорот со Google кој им овозможува да ги надминат американските трговски санкции. Новиот интерфејс е заснован на изгледот на Android 10 и ќе биде објавен како ОТА надградба.
Првите паметни телефони на претстојниот список што ќе го добијат EMUI 10 се Huawei Mate 20 и Huawei P30, што ќе се случи до крајот на месецот. Ажурирањата за сите компатибилни модели на компанијата ќе започнат наскоро потоа. Овој избор вклучува точно 22 уреди, при што Huawei во подоцна етапа ќе додаде и други паметни телефони кои ќе го добијат EMUI 10.
Еве го целосниот список:
Huawei P30 Pro
Huawei P30
Huawei Mate 20 Pro
Huawei Mate 20
Huawei Mate 20 X
Huawei nova 5T
Huawei Mate 20 RS Porsche Design
Huawei Mate 20 X 5G
Huawei P30 Lite
Huawei nova 4e
Huawei P20
Huawei P20 Pro
Huawei Mate 10
Huawei Mate 10 Pro
Huawei Mate 10 Porsche Design
Huawei Mate RS Porsche Design
Huawei Mate 20 Lite
Huawei P Smart 2019
Huawei P Smart+ 2019
Huawei P Smart Pro
Huawei P Smart Z
Huawei nova 4
Сите горенаведени уреди се модели кои се продаваат надвор од кинескиот пазар. EMUI 10 нуди голем број додатоци поврзани со икони, анимации и брзина. Корисниците ќе можат да ги искористат предностите на „Dark Mode“ режимот, како и најновата верзија на софтверот GPU Turbo.