СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм воведе ознакa за лажни вести

Инстаграм воведе ознака за известување за лажни информации за да ги спречи ширење на истите. Ознаката „лажна информација“ ќе се користи за објавувањата што се откриени и обележани како лажни, а Фејсбук проверувачите на факти  ќе бидат одговорни за овој процес.

Новата ознака ќе се шири преку социјалната мрежа следниот месец, и ќе се појави на Stories (приказни), како и на постовите што се појавуваат на главната страница за вести на Инстаграм. Корисниците на социјалните мрежи сè уште ќе можат да го видат оригиналниот пост, но ќе треба да ја изберат опцијата „See post“ (види ја објавата).

Инстаграм ќе ги предупредува корисниците кои се обидуваат да ја споделат објавата што претходно била обележана како лажна. Пред објавувањето, тие ќе видат предупредување дека проверувачите на факти откриле дека објавата содржи лажни информации и ќе им биде понуден линк за повеќе информации.

Корисниците сепак ќе можат да ја споделат објавата, но истата ќе биде обележана за лажни информации. Оваа опција е најагресивниот начин за борба против ширењето на виралните дезинформации досега, оценуваат медиумите.

Поврзани вести

Samsung подготвува неколку подароци со серијата Galaxy S21

Влатко Зорба

Sony ја објави првата реклама за PlayStation 5 (ВИДЕО)

msp-admin

Како се станува милионер, ако сте „бел“ хакер?

msp-admin