Ако напишете „crottin de chèvre“ во Google Translate, вештачката интелигенција ќе ја преведе на македонски јазик како „козји измет“.
Ако сте ја прочитале фразата во некое француско мени, веројатно ќе госкокнете предлогот, што значи дека нема да можете да вкусите едно од највкусните сирења направени од козјо млеко.
Затоа Google постојано изјавува дека нивниот „речник“ е бесплатна апликација преку Интернет, која служи за погодност на повеќе од половина милијарда луѓе, но никогаш не тврди дека ги заменува професионалните преведувачи, пренесува „BBC“.
Сепак, туристите имаат тенденција да ги „проголтаат“ ваквите грешки затоа што, сепак, технологијата е ефтина, удобна и достапна насекаде преку кој било мобилен уред. Но, кога станува збор за бизнис, закон или медицина, автоматските преведувачи не се најсоодветно решение.
„Користењето на Google Translate може да доведе до многу сериозни грешки и неточности, особено кога еден збор има неколку значења и може да се користи во различен контекст. Ова е многу често случајот во законот и инженерството“, објаснува поранешната адвокатка Саманта Лангли, која во моментов работи како преведувач од француски на англиски.
Се разбира, тоа не значи дека професионалните преведувачи не користат специјализиран софтвер и автоматски речници. Ваквите апликации навистина помагаат при тоа да се заврши „црната работа“, особено со голем обем на текстови кои се повторуваат. Денес, некои од нив се користат дури и за обука на странски јазик.
Прашањето е колку се сигурни новите технологии и колку се протега нивната „експертиза“. Еден од најмодерните уреди е таканаречената „слушалка за превод“. Обично се поврзува со апликација на паметниот телефон што го препознава изговорениот јазик и го преведува на корисникот.
„Потребни беа децении да се развие алгоритам што го препознава говорот како што прават невроните во човечкиот мозок. Невронските мрежи ни овозможија да направиме огромен скок напред во развојот на технологиите за автоматско преведување“, изјави Ендру Очоа за „BBC“ извршниот директор на американската компанија „Waverly Labs“, која произведува автоматски слушалки за превод.
Излегува дека овој вид на уреди може да биде исклучително корисен за деловните активности, а не само за туристите кои сакаат да се здружат со продавачите на пазар.
„Социолошките истражувања, на пример, вклучуваат огромен број повторливи фрази. Таму, вештачката интелигенција и алгоритмите можат да бидат многу корисни“, вели професионалниот преведувач Паола Граси, кој работи за маркетинг платформата „Wordbank“.
Слушалките за автоматско преведување се повеќе се користат на организираните настани, како што се научни конференции и презентации. Но, дури и на денешно ниво на технолошки развој, тие сè уште се обврзани со сериозни ограничувања. Потребни се неколку секунди за да се преведе фраза, а понекогаш и повеќе ако Интернет-врската е слаба.
Според Антонио Наваро Гонсалвеш, кој професионално преведува од англиски на шпански јазик, автоматските алгоритми за превод се всушност потиснување на креативноста. Според неговите зборови, многу е потешко да се извлече само една фраза од дадена реченица и да се замени со друга фраза, посоодветна, отколку да се напише целиот текст од нула.
Сепак, овие проблеми ќе бидат решени во наредните 10 години, според Ендру Очоа.
„Кога станува збор за искажување емоции или интонација, потребни ни се алатки за да ги анализираме чувствата и перцепциите. Ги немаме во моментот, но науката веројатно ќе може да развие вакво нешто во следната деценија“, вели тој.
Засега, сепак, течноста на странските јазици е вредно средство што се бара на пазарот на трудот. Во Обединетото Кралство, околу 15% од сите огласи за работа објавени на онлајн платформата Reed, се обврзани да имаат владеење на најмалку еден странски јазик.
Во САД, според студијата на Советот на наставници по странски јазици, на три четвртини од компаниите им се потребни вработени, кои владеат странски јазик.
Сепак, се помалку и помалку ученици во британските училишта учат странски јазици, јавува „BBC“. Во некои училишта падот на бројот на запишани на странски јазици се намали за дури 50% во однос на 2013 година.
Министерството за образование на Островот соопшти дека презема чекори за да го промени овој тренд.
Инаку, примери на неуспешни резултати на Google Transate може да се најдат низ целиот свет, вклучително и во Македонија. Неодамна, на социјалните медиуми се појави интересно толкување за англиската верзија на традиционалното турско слатко реванија.
И ова сигурно не е единствениот случај. Затоа, ако наидете на егзотично мени каде, според Google Translate, „козји измет“ или „солзи“ се присутни, земајте го со доза на резерва.