СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Крај на една ера: Adobe Flash без поддршка од денес

Легендарната флеш технологија на Adobe е минато. Од денес, девелоперот ја прекинува поддршката за својот производ, што одбележа цела ера во веб-дизајнот.

Иако Adobe нема да блокира содржина на Flash до 12 јануари, големите прелистувачи ќе ја исклучат од денес, а Microsoft ќе ја блокира во повеќето верзии на Windows.

„Готово е“, ја прокоментира „The Verge“ крајот на ерата во веб-развојот.

Flash се радуваше на огромна популарност на мрежата, и можеби затоа „погребната поворка“ на оваа технологија траеше со години. Прелистувачите започнаа да му ја покажуваат вратата на Flash на почетокот на минатата деценија, а во 2015 година Adobe побара од развивачите да се префрлат на HTML5.

Работите станаа официјални во 2017 година, кога самиот Adobe објави дека ќе престане да го поддржува Flash. Но, технологијата ќе продолжи да живее во многу историски артефакти. Архивата на Интернет чува флеш игри и анимации, вклучително и познати хитови како што се „Peanut Butter Jelly Time”.

Поврзани вести

Android 11 ќе поддржува функција за споделување на батеријата со други паметни телефони

msp-admin

Маск продолжува со ширење на Интернетот на Земјата: SpaceX испрати уште 58 Starlink сателити во орбитата

msp-admin

Apple подготвува целосно обновен MacBook Pro

Влатко Зорба