СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Lenovo претстави паметни очила за деловни корисници (ВИДЕО)

Како дел од CES 2021, Lenovo објави нов уред во серијата ThinkReality, кој е наменет за корпоративни корисници. Тоа се паметните очила ThinkReality A3, кои можат да се користат за визуелизација на 3Д содржина, виртуелни монитори или проширена реалност. Според компанијата, таков уред може да биде корисен за тековните трендови во далечинското работење, бидејќи ја олеснува соработката.

Очилата се поврзуваат со кабел со компјутер или со избрани телефони на Motorola (со чипсети од серијата Snapdragon 800) и се базираат на чипсет Snapdragon XR1, кој е дизајниран за производи за виртуелна и проширена реалност. Тие се опремени со два 1080p дисплеи, кои можат да прикажуваат до 5 виртуелни екрани, а исто така вклучуваат и 8MP камера за да обезбедат видео со 1080p и две fisheye камери за позиционирање.

Верзијата за компјутер овозможува прикажување на 5 виртуелни екрани за употреба со разни програми и алатки за Windows – овој режим е оптимизиран и компатибилен со лаптопите ThinkPad и работните станици на Lenovo. Изданието за телефон се вика A3 Industrial Edition и се потпира на платформата ThinkReality, која им овозможува на деловните корисници да користат разновидни апликации за проширена реалност без раце.

Бидејќи станува збор за деловно ориентиран производ, Lenovo не ја открива цената по која ќе ги нуди очилата, но вели дека тие ќе бидат достапни на избрани пазари од средината на годината.

Поврзани вести

Black Shark 4 Pro е лидер на AnTuTu

Влатко Зорба

Се бара забрана за продажба на GTA V во САД

Влатко Зорба

Samsung го додава S Pen во серијата Galaxy (ВИДЕО)

Влатко Зорба